Фудбал
Кулибали изненадувачки го избра Ковачиќ за најпаметен соиграч
Калиду Кујлибали даде интервју за „Goal.com“, во кое ги коментираше соиграчите, а помалку зборуваше за себе. Така, тој мораше да одговори на бројни прашања поврзани со фудбалерите со кои ја дели соблекувалната, а откри и од кој играч ќе земе нешто за да се направи подобар.
„Би го искористил искуството што го има Тиаго Силва. Среќен сум што играм со него, тој е одличен играч, вистинска фудбалска легенда. Неверојатно е тоа што го прави на 37 години“, изјави Сенегалецот, а потоа одговори на прашањата за најбрзиот, најсилен и најпаметен соиграч. Таму малку ги изненади новинарите на „Goal.com“.
„Тој го избра Рис Џејмс за најбрз играч, Рубен Лофтус-Чик за најсилен, а потоа се случи изненадување. Неочекувано, Матео Ковачиќ го избра како најпаметен играч во тимот. Ковачиќ во поледните две години беше мозокот на Челзи затоа што Н’Голо Канте се мачеше да влезе во форма, а Енцо Фернандез сè уште го стигнува чекорот во Челзи“, пишува „Goal.com“.