Фудбал
Ла Лига ја избриша ѕвездата на Барселона вредна 90 милиони евра
Ла Лига го избриша полудефанзивецот Гави (18) од тимот на Барселона на официјалниот сајт. Раководството на шпанскиот шампионат поради тоа повеќе не го смета Гави за член на стручниот тим на каталонскиот клуб, иако за нив забележа вкупно 84 настапи, од кои 37 оваа сезона. Според Трансфермаркт, еден од најголемите светски таленти вреди 90 милиони евра, но сега веќе не е на списокот заедно со Серхио Бускетс, Педри, Френки де Јонг и други.
Шпанскиот суд го прогласи за неважечки договорот на Гави потпишан минатата година со Барселона, откако Ла Лига поднесе жалба дека играчот е предоцна пријавен поради финансиските проблеми на клубот. Барселона ја обжали одлуката, но таа беше одбиена и Гави сега е вратен на договорот што го имаше како играч во академијата на клубот, што значи дека не се раководи како професионалец.
Иако Барселона се ослободи од неколку скапо платени играчи, сепак нивниот буџет е надвор од опсегот на шпанската лига. За повторно да важи договорот на Гави, Барса ќе мора дополнително да ги намали расходите. Доколку тоа не се случи, постои можност тој да го напушти клубот бесплатно на лето.
Es muy jodido ver que Gavi ya no está en la página web de LaLiga. Ya no es jugador del primer equipo. Lo de Tebas es una vergüenza y esperemos que se pueda encontrar una manera de poder inscribirlo.
Y para los que buscan cualquier resquicio, nunca hubo alineación indebida. pic.twitter.com/8zyCGFjfkT
— Mauricio Prialé (@MauricioPriale) March 24, 2023