Фудбал
Лајпциг го совлада Хофенхајм, „проработи“ и Шакле
Саботната програма во Бундеслигата ни донесе неколку интересни натпревари, а најатрактивен секак е дуелот помеѓу Хофенхајм и РБ Лајпциг.
Иако по победата над Хамовер изгледаше дека Ховенхај повторно ќе Блесне, но избраниците на Жулиан Нагелсман ги изненадиа своите навивачи со пораз од 2:1 од РБ Лајпциг. Лајпциг стигна благодарение на двојниот стрелец Поулсен, додека почесниот гол за домаќинот го постигна Крамариќ.
Серијата од порази на Шалке конечно заврши. Екипата Гелзенкирхен ја запиша првата победа во сезоната, а до неа дојдоа преку Мајнц кој го совладаа со 1:0. Единствениот гол го постигна Шопф.
Причина за славење имаше и Штутгарт кој го совлада Вердер со 2:1, Нурнберг ја декласира Фортуна Дизелдорф со 3:0, а Волфсбург и Борусија Менхенгладбах одиграа без победник (2:2).