Connect with us

Фудбал

Лајпциг со полн плен во Берлин

Лајпциг ја прекина серијата лоши резултати во Бундеслигата и на гостувањето во Берлин ја совлада Херта со 1:0.

Првото полувреме беше изедначена игра. Херта добро се држеше до 40. минута кога гостите го постигнаа решавачкиот гол.

По корнерот кој го изведе Собослај, Хајдара заедно со голманот на Херта скокна во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата. Домашните бараа прекршок над голманот, но по консултација со ВАР собата голот беше примен.

Во вториот дел Лајпциг се повлече и чекаше прилика од контранапад. Во неколку наврати имаа потенцијални ситуации за зголемување на предноста, но сепак ударите не завршија во мрежата.

Херта тоа можеше да го казни во 82. минута кога Сердар одлично шутираше, а голманот Блашвич го запре ударот и му спаси три бода на Лајпциг.

Гостите со триумфот уште еднаш се пробија до четвртото место кое води во Лигата на шампионите, додека Херта е во зоната за испаѓање на 16. место и се очекува жестока борба за опстанок до крајот на првенството.