Connect with us

Фудбал

Лампард: Мора да веруваме повеќе, се е против нас

Привремениот менаџер на Челзи, Френк Лампард, недела по недела „голта кнедли“. Последното разочарување дојде во средата навечер, кога неговиот тим загуби на домашен терен (0:2) од Брентфорд и со тоа ја продлабочи кризата во која се наоѓа веќе месец и половина.

Клубот од Лондон нема победа во сите натпреварувања од 11-ти март, моментално е на 11-тото место на табелата во Премиер лигата, со дополнение дека испадна од сите други натпреварувања.

Сепак, тренерот и поранешен ас на Челзи се уште е оптимист, па ги повика своите играчи малку повеќе да веруваат во себе во преостанатите натпревари до крајот на сезоната.

„Ова е непријатен пораз. Чувствувам за играчите, им недостасува самодоверба во моментов. Ја контролиравме играта во однос на поседот. Во вториот дел доминиравме, но тие ни дадоа гол во контранапад. Во овој момент, не сакам да се оцрнувам, но имам чувство дека се е против нас. Тоа јасно се виде на овој натпревар. Мора да веруваме во следните, кои воопшто не се лесни. Можеби е време почесто да се гледаат некои од играчите кои беа на теренот“, изјави Френк Лампард по мечот на „Стемфорд“.