Connect with us

Фудбал

Лампард се враќа во Челзи и станува привремен менаџер?!

Френк Лампард и Челзи почнаа преговори. Доколку бидат успешни, Лампард ќе стане привремен менаџер на Челзи до крајот на сезоната.

Лампард, поранешен играч на лондонскиот клуб, е без работа од јануари, кога доби отказ од Евертон. Пред тоа година и пол го водеше Челзи и една сезона беше на клупата на Дерби.

Челзи продолжува и со преговорите со тренерите кои би го презеле тимот во јуни. Фаворити за таа позиција се Јулијан Нагелсман кој доби отказ во Баерн и поранешниот шпански селектор Луис Енрике.