Фудбал
Лапорта: Фанови, бидете мирни. Барселона е невина жртва, тоа е напад на сите против нас
„Сандалогт на векот“, како што го нарекуваат тамошните медиуми, ја тресе Шпанија. Обвинителството во Барселона поднесе обвинение за корупција против ФК Барселона и нејзините поранешни претседатели Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росело. Тие се обвинети дека платиле вкупно 8,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија и неговата компанија од 2001 до 2018 година. За возврат, Негреира им делегираше судии кои одговараат на Барселона и гарантираше дека тие нема да судат против клубот.
Актуелниот претседател на Барса за прв пат го коментираше обвинението. Два дена откако Барселона беше обвинета за поткуп на судии со милиони и две децении, нејзиниот претседател се обрати до јавноста:
„Навивачи, бидете мирни. Барса е невина за она за што е обвинета и е жртва на кампања против нејзината чест во која сите се сега вклучени. Тоа не не изненадува, но ние ќе ја браниме Барса и ќе ја докажеме нејзината невиност. Многумина ќе мора да се покајат“, објави Лапорта на Твитер.