Фудбал
Легендарниот Колина нема дилема дали голот на Звезда беше регуларен: Да бев јас судија…
Изгледа дека ниту едно дерби на Партизан и Звезда не предизвика толку внимание како последново.
Секако причина за тоа е спорниот гол на Црвена звезда во второто полувреме. И, додека навивачите на Партизан се „колнат“ дека топката не ја помина гол линијата кај голот на Звезда, легендарниот италијански судија Перлуиџи Колина мисли поинаку.
Тој во разговор за италијанската радио емисија ’Top gol’ ја коментираше спорната ситуација:
„На снимката јасно се гледа, чуварот на мрежата барем за половина метар ја вади топката од голот. Да бев јас судија, исто така би покажал на центарот.“ кажа Колина.
Секако, без оглед на тоа што ваква судиска легенда дава свое видување на ситуацијата, никогаш нема 100 посто да бидеме сигурни дали топката ја помина гол линијата или не, а посебно поради причината што нема ниту една снимка која на најдобар начин ќе не увери во една или во друго.