Фудбал
Леклерк ги замолува навивачите да не доаѓаат пред неговата куќа
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ги замоли фановите за приватност, откако десетици од нив почнаа да пристигнуваат пред неговиот стан во Монако кога неговата домашна адреса стана јавна.
Леклерк ова го објави на Инстаграм.
„Мојата домашна адреса некако стана јавна во изминатиов период и тоа доведе до тоа луѓе да се соберат пред мојот апартман, да ми ѕвонат, да бараат фотографии, да давам автограми…
Навистина сум среќен и искрено ја ценам вашата поддршка секогаш, но морам да ве замолам да ја почитувате мојата приватност и да не доаѓате пред мојата куќа.
Ќе се трудам секогаш да застанам со секој од вас кога ќе ме сретнете на улица или на патека, но нема да ви ја отворам вратата кога ќе дојдете кај мене дома. Има некои граници кои мора да се почитуваат“, изјави Леклер.