Фудбал
Ливерпул го престигна Тотенхем на табелата во луд натпревар
Ливерпул го победи Тотенхем со 4:3 во мечот од 34. коло на „Енфилд“ и со тоа го престигна на табелата. Домаќините жестоко го започнаа натпреварот, по 15 минути веќе беше 3:0. Куртис Џонс погоди во 3. минута, а Луис Дијаз две минути подоцна, додека гостите се уште беа во шок.
На 3:0 зголеми Салах во 15. минута со гол од пенал. Навивачите на Тотенхем веќе почнаа да го напуштаат стадионот. Но, гостите успеаја да се вратат во игра. Иван Перишиќ одлично додава по левата страна и нафрли за Хари Кејн кој во 39. минута погоди за 3:1.
Во вториот дел Тотенхем успеа да израмни. Сон во 77. минута погоди за 3:2, а Кореецот му асистираше на Ричарлисон во третата минута од судиското надополнување за голот што им донесе израмнување на Спарс.
Но, на лудиот меч точка стави португалскиот напаѓач Диого Јота, кој погоди во 95. минута за конечни 4:3. Ливерпул моментално е петти во поредокот со 56 бодови, додека Тотенхем падна на шестото место и има 54 бодови.