Connect with us

Фудбал

Лопетеги: Тажно е тоа што го прават каталонските клубови Барса и Џирона

Тренерот на Реал Мадрид, Јулен Лопетеги, изјави дека е против идејата на челниците на Ла Лига неколку натпревари од сезоната во иднина да се играат во САД:

Челниците на Ла Лига поради маркетингот сакаат да направат „голем чекор“, а за еден натпревар веќе е договорено да се игра во САД. Тоа ќе се случи во јануари следната година кога Барселона и Џирона ќе играат во Америка, а тоа неодамна го потврдиа и од двата клуба.

Повеќето клубови од шпанија се против оваа идеја и не го кријат разочарувањето затоа што Барса и Џирона се согласиа да одат во Америка. Синоќа се огласи и тренерот на кралскиот клуб Лопетеги кој порача дека едноставно е тажно што челниците на Барселона и Џирона се согласиа натпреварот да го одиграат во Америка.

„Веќе зборував за ова и не ми се допаѓа идејата на ЛА Лига. Мислам дека клубовите треба да си играат на своите терени, а не некаде во Америка. Тажно е тоа што го прават каталонските клубови и што воопшто се согласиа со идејата на Ла Лига“, порача Лопетеги.