Фудбал
Лопетеги започна шампионски во Реал Мадрид (статистика)
Во последните 10 години, Реал Мадрид освои само две титули во шпанската Ла Лига. Тоа се случи во сезоните 2011/12 и 2016/17, кога тимот беше воден од Жозе Мурињо, односно Зинедин Зидан. Во двата случаи, Мадрид ја започнува кампањата со 13 поени по пет натпревари, како што е и ситуацијата оваа сезона. Со Португалецот, „белите“ завршија со 100 поени, а со Французинот – 93.
Во моментов, тимот предводен од Лопетеги е втор во Премиера, заостанувајќи во однос на Барселона само по гол разлика. Ова е, исто така, втор најдобар почеток во шампионатот на клубот откако се доделуваат три поени за победа од 1995 година. Освен во споменатите две сезони, „кралскиот“ клуб започна со 13 поени по пет дуели уште на три пати – при Бернд Шустер во 2007/08 (ја освои титулата со 85 поени), при Карло Анчелоти во 2013/14 (завршува трет со 87 поени) и во 2015/2016 на чело со Рафаел Бенитез, заменет подоцна од Зинедин Зидан (завршуваат втори со 90 бода).
Европскиот клупски шампион се претставува во моментов подобро од минатата сезона во Ла Лига, кога во исто време имаше само 8 поени по 2 победи, 2 реми и 1 пораз. Тогаш Реал ја заврши кампањата со заостанување од 17 поени од шампионот Барселона.