Connect with us

Фудбал

Лорис: Ова е срамно, треба да им се извиниме на навивачите

Во натпреварот од 32. коло на Премиер лигата, Њукасл го совлада Тотенхем со 6:1, а домашните од 2. до 21. минута постигнаа пет гола. Капитенот Лорис беше сменет на полувремето, а по натпреварот во изјава за Sky Sports им се извини на навивачите.

„Ова е многу срамно. Треба да им се извиниме на навивачите. Не бевме добри и не можевме да им парираме на играчите на Њукасл. Заостанавме во секој аспект од играта и како да не бевме таму во текот на целото прво полувреме. Второто полувреме беше поинаква приказна, но ова е навистина болно“, изјави Лорис.

„Не е се ни до тактика, едноставно не можевме да се бориме, цело време доцневме. Мислам дека Њукасл играше одлично, беа агресивни и играа офанзивно на сите области од теренот кога ја имаа топката“, продолжи Лорис.

„Сега е тешко да се анализира нешто, но игравме без никаква гордост. Вака може да се погодите еднаш или двапати, но ние денеска воопшто не успеавме да реагираме. Њукасл заслужува честитки што влезе во натпреварот на време. Точно знаеја што да прават“, вели капитенот на Тотенхем.

„Можеме да се обидеме да бараме некои објаснувања и изговори, но едноставно не влеговме во борбата. Во фудбалот, ако излезеш на терен без да сакаш да бидеш агресивен, тоа многу ги отежнува работите. Беше доста хаотично. Не можеме да се криеме зад проблемите што ги има клубот. Ние сме професионалци и не се однесувавме така денес. Видна беше разликата во нивото, а сега ни претстојат уште два тешки натпревари“, заклучи Лорис.