Фудбал
Луис Енрике: Се надевам дека тоа нема да се случи, би било катастрофа
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека му било тешко да се соочи со својот поранешен клуб Барселона во Лигата на шампионите минатата сезона. ПСЖ во четвртфиналето ги совлада Каталонците со вкупен резултат 6-4.
Иако Барселона го доби првиот натпревар со 3-2 во Париз, работите се сменија во реваншот бидејќи дефанзивецот Роналд Араухо беше исклучен поради прекршокот над Бредли Баркола, додека Барса водеше со вкупни 4-2.
Во своето интервју, Енрике за соочувањето со својот поранешен клуб во Лигата на шампионите изјави:
„Натпреварот против Барселона беше страшно искуство. Жал ми е, но чувствата се измешани. Доаѓањето дома беше радост, но соочувањето со клубот кој ми даде толку многу како играч и како тренер беше многу тешко искуство за мене, za моите деца и мојата сопруга. Се надевам дека повеќе нема да играм против нив“.
Енрике исто така се надева дека нема да мора да се соочи со Барса во финале:
„Не можам да замислам да играм финале против Барселона. Тоа би било катастрофа. Се надевам дека тоа нема да се случи“.