Фудбал
Мајката на жената која тврди дека е Роналдо ја силувал: „Мојата ќерка веќе не е иста…“
Аферата околу Кристијано Роналдо и девојката која тврди дека е силувана не престанува.
Кетрин Мајорга (34) го обвини Роналдо дека во 2009. година ја силувал во Лас Вегас, а својата приказна, а својата приказна ја изнела во германскиот неделник „Der Spiegel“, кој дојде и до изјава на португалскиот фудбалер која делумно ги потврдува наводите.
Иако Роналдо наводно и платил околу 300.000 фунти за да молчи, таа сепак реши да зборува во јавноста поради тешките последици кои денеска ги има, а за тоа реши да зборува и нејзината мајка.
„Мојата ќерка веќе не е иста после тоа. Таа секој пат се потресува кога ќе го види Роналдо на некој плакат“, реча мајката на Кетрин Мајорга.
Роналдо, од друга страна, не е претерано загрижен поради скандалот. Порача дека извесната Кетрин сака да се промовира себеси користејќи го неговото име и нема да да го дозволи тоа. Неговиот адвокатски тим веќе најави тужба против медиумот кој ја објави веста која во голема мера го уништи неговиот углед.