Connect with us

Фудбал

Макс доминира во Џеда, најбрз и по ФП2

Шампионот во Формула 1, Макс Верстапен, продолжи со своите блескави настапи во петокот во Џеда. На вториот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија, Холанѓанецот беше најбрз по 29 круга со време од 1:29.603.

Холанѓанецот и покрај проблемот со стомачниот вирус, беше најбрз на првиот тренинг пред втората трка сезонава, а одличен ритам одржуваше и во попладневната сесија.

Фернандо Алонсо од Астон Мартин беше на втората позиција со 0,208 секунди заостанување по ФП2, а тимскиот колега на Верстапен Серхио Перез беше трет со 0,299.

Меѓу првите десет по ФП2 се Окон, Расел, Гасли, Строл, Хулкенберг, Леклерк и Саинц, додека поранешниот шампион Луис Хамилтон е 11-ти.

Ферари не може да биде задоволен од резултатите, но раководството на италијанскиот тим се одлучи за превентивна промена на погонската единица на двата болида.

Третиот слободен тренинг на програмата е во сабота од 14:30 часот на патеката во Џеда, а квалификациите ќе започнат од 18:00 часот.