Тајмаут
ФОТО: Малку кој може да се пофали со смисла за хумор како Балотели
Доста полемика подигна информацијата дека Марио Балотели во текот на летото се здебелил за десет килограми.
Балотели требаше да замине во Марсеј, но на крајот остана во Ница, но на собирот на италијанската репрезентација пред натпреварот со Полска и Португалија се појави со повеќе од 100 килограми.
Доби шанса против Полска, но не ги оправда очекувањата, па натпреварот против Португалија го гледаше од трибината, а јавноста во Италија го критикуваше и исмејуваше.
Сега се огласи и Балотели, ја покажа својата смисла за хумор со објавување на селфи на Инстаграм.
„Казнет сум поради вишокот килограми? Погледнете го телото кое го имам! Смешно е да зборувате за мојата прекумерна тежина“, напиша Балотели на монтираната фотографија која ја објави.