Фудбал
Манчестер Јунајтед го сака Нејмар
Бразилскиот фудбалер Нејмар во 2017. година стана најскапиот фудбалер на светот откако за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ.
Маѓутоа, иако со договорот е врзан за тимот од Париз, константно се пишува за неговото заминување, а најмногу се поврзува со Реал Мадрид.
Сепак, како што тврди „Дон Балон“, Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за неговиот потпис и ќе се обиде да го донесе во 2019 во летниот преоден рок.
Наводно менаџерот на Црвените ѓаволи Жозе Мурињо врши голем притисок за да во редовите на Јунајтед го донесе овој фудбале, а како што сезоната поминува притисокот ќе биде поголем.
Тимот од Олд Трафорд е во потрага за вистинска ѕвезда кој ќе му даде друга димензија на играта на овој клуб. Ако наводите се точни дека навистина го сакаат Нејмар, ќе мора да издвојат огромни парични средства, веројатно повеќе од 222 милиони евра, колку ПСЖ што му плати на Барселона.
Нејмар со доаѓањето во ПСЖ за клубот одигра 36 натпревари и постигна 32 гола, но имаше незгодна повреда на стапалото и мораше да ја заврши сезоната.