Фудбал
Манчестер Јунајтед отпиша шест играчи. Меѓу отпишаните се и големите ѕвезди
Манчестер Јунајтед претрпе пораз од 2:0 во 29. коло од Премиер лигата од Њукасл и со тоа го загрози пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. Сега Њукасл и Јунајтед се на третото и четвртото место, вториот води во Лигата на шампионите, но со само бод и натпревар повеќе пред Тотенхем.
Менаџерот Ерик тен Хаг подготвува големи промени во играчкиот кадар во претстојниот преоден рок и според „Манчестер Ивнинг њуз“ тој веќе отпишал шест играчи. Од списокот беа отпишани и ѕвездите Хари Мегваер, Ентони Марсијал и Џејдон Санчо.
Мегваер, капитенот на клубот од Олд Трафорд, е најскапиот стопер во историјата откако Јунајтед пред четири години го донесе од Лестер за 87 милиони евра. Сепак, по серија големи неуспеси, тој падна во втор план кај Тен Хаг.
Марсијал сезонава успеа да запише само 490 минути во Премиер лигата, а со Санчо за кого Јунајтед пред две сезони плати 85 милиони евра, Тен Хег го губат трпението и се подготвени да го продадат ова лето.
Заедно со нив тројца беа отпишани и голманот Дин Хендерсон и бековите Брендон Вилијамс и Алекс Телес. Вкупно Јунајтед потроши околу 250 милиони евра за обештетување за нив шестмина.