Фудбал
Манчестер Сити е заинтересиран за Бен Чилвел
Дефанзивецот на Челзи, Бен Чилвел би можел да ја продолжи кариерата во Манчестер Сити, пишува „The Athletic“.
Менаџерот на „небесно-сините“ Пеп Гвардиола размислува да го доведе Англичанецот на местото на Жоао Кансело, кој до крајот на сезоната настапува во Баерн како позајмен играч, со можност договорот да го откупат Баварците за 70 милиони евра.
Man City are reportedly interested in signing Ben Chilwell ✍️#BBCFootball
— BBC Sport (@BBCSport) March 13, 2023
Актуелниот договор на Чилвел со Челзи е до летото 2025 година.
26-годишниот одбранбен фудбалер одигра 22 натпревари за Челзи во сезоната 22/23. Тој постигна два гола и додаде четири асистенции. Според порталот „Трансфермаркт“ вредноста на играчот е околу 38 милиони евра.