Connect with us

Фудбал

„Marca“: Готово е. Желбата на Бензема не е променета

Карим Бензема ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона, соопштува „Marca“. Шпанските медиуми пренесуваат дека веќе никој не се сомнева во актуелниот освојувач на Златната топка, што не беше случај пред три недели. Но, Французинот сега повторно ужива во играњето фудбал, пишува „Marca“ и истакнува дека постојано се споменуваат одредени сомнежи за мадридскиот клуб, вклучително и во контекст на Бензема, но тоа не се однесува на фактичката состојба во клубот.

„Се зборуваше дека Бензема размислува за понуда и од Саудиска Арабија. Сепак, милионите евра не ја променија неговата желба да ја продолжи соработката со Реал. Французинот нема да го прави истото како Кристијано Роналдо, кој замина во Саудиска Арабија во зимски преоден рок“, се вели во текстот на „Marca“, во кој се наведува дека Бензема сепак би можел да соработува со Саудијците во иднина. Наводно му нудат да основа фудбалска академија со неговото име.

„Во Реал постои непишано правило според кое играчот кој ќе ја освои Златната топка добива нов договор“, додаваат Шпанците, нагласувајќи дека Бензема се уште официјално не потпишал нов договор, иако двете страни сакаат да се договорат за тоа.

Во 2009 година Бензема дојде во Реал од Лион за 35 милиони евра. Со мадридскиот клуб освои 24 трофеи и постигна 348 гола за 14 години, додавајќи 165 асистенции на 637 натпревари. Оваа сезона има 25 гола и шест асистенции.