Connect with us

Други спортови

Маркез ја пропушта трката за ГН на Америка

Шпанецот реши дека мора да се опорави. Возачот Марк Маркез нема да учествува на трката за Големата награда на Америка.

По последните прегледи, Маркез и неговиот тим, предводени од д-р Игнасио Роџер де Оно, во болницата Рубер Интернасионал во Мадрид, потврдија дека тој не е целосно опоравен.

По консултациите со тимот на Хонда, Шпанецот одлучи дека е најдобро да го послуша лекарскиот совет и да ја прескокне трката во Америка.

Маркез ќе продолжи да ја прави програмата за рехабилитација и ќе биде дома за што побрзо да се опорави.