SPORTM.mk
Матераци откри што му рече на Зидан, што го налути толку па доби удар со глава
Поминаа 14 години од судирот помеѓу Марко Матераци и Зинедин Зидан во финалето на Светското првеснство во 2006. Матераци успе некако да го налуте францизунот во завршните моменти на финалето и доби удат со глава во неговите гради.
Сепак, Зидан не помина неказнет, доби црвен картон и скоро сите го паметат по тоа како ја заврши кариерата.
Сега, по 14 години Матераци реши да ја каже својата верзија од случката и што точно тој му рече на Зидан.
„Ударот со глава на Зидан? Не го очекував. Ако тоа беше случај, и двајцата ќе завршивме во соблекувалната“, изјави Марко Матераци за време на еден од директни разговори на Инстаграм, кои италијанските фудбалски легенди особено ги практикуваат во овие времиња на изолација (Дел Пјеро, Тоти, Канаваро, Буфон беа меѓу другите учесници на дискусиите).
Марко Матераци ја даде својата вистина на најпознатото исклучување во историјата на фудбалот, на Зинедин Зидан во финалето на Светскиот куп 2006 г. кое „Сините“ го загубија од Италија (1-1, на пенали 5 :3). Предизвикан од Матераци во продлжувањата во Берлин, славниот број 10 излезе од самоконтролата удирајќи го со главата во градите. Непоправлив гест синоним за црвен картон за „Зизу“ кој таму го играше последен натпревар од неговата кариера.
„Имавме неколку искрења. Тој ќе постигнеше гол во првиот период на продолжувањето (што мајсторски удар со глава што уште помајсторки го одбрани Буфон) и Рино Гатузо побара да го чувам. По првата фрикција, побарав прошка, тој реагираше лошо. По третата, јас ги кренав веѓите. Тој ми рече: „Ќе ти го дадам дресот подоцна“. Му одговорив дека ја претпочитам неговата сестра. Одговорот го извади од такт „Зизу“.
Капитенот на Италија крунисана во Германија, Фабио Канаваро зборуваше за пресврт на ова финале во друг Инстаграм настап.
„Не бев далеку, се свртев и го видов Марко на земја. Марко ми рече: „Тој ме удри со глава“. Тој го направи она што требаше да го стори со тоа што се фрли на земја. Збогум и благодарам. Тоа беше добар удар со глава, се смее Златната топка 2006.
Франција ќе почека уште дванаесет години за да ја освои својата втора светска титула.
Во 2017 година, Зинедин Зидан се наврати на неговиот гест на емисијата Телефут на француската телевизија.
„Она што го направив, не сум горд. Не сум горд на овој гест, им се извинувам на сите млади, тренери, волонтерите што прават фудбалот, да биде нешто друго. Тоа (исклучување) е дел од мојата кариера, мојот живот. Тоа е една од работите кои не се пријатни, но мора да ги прифатиме. И кои треба да се сварат.