Connect with us

Фудбал

Мбапе ги совлада ослабените Холанѓани

Француската репрезентација ја победи Холандија со 4:0 во првото коло од квалификациите за ЕП. Избраниците на Дидие Дешамп во првото коло играа против најголемиот конкурент во групата, кој поради вирус остана без пет играчи. Натпреварот беше решен уште на самиот старт. Мбапе веќе во втората минута му асистираше на Гризман, а напаѓачот на Атлетико Мадрид погоди за 1:0.

Во осмата минута Гризман нафрли пред холандскиот гол, а Упамекано ја искористи одбиената топка за да го удвои водството. Веќе во 21. минута Мбапе погоди за 3:0. Чоамени ја испрати топката до Коло Муани, кој му пушти низ нозете на самиот Мбапе и лесно погоди за повторно да го зголеми водството на Франција. Победата на Франција ја потврди Мбапе со својот втор гол во 88. минута.

Во судиското надополнување, Холандија имаше шанса да го ублажи поразот, но Мајк Маињан му го одбрани пеналот на Мемфис Депај. Франција е на чело на табелата во групата Б, со еден гол повеќе од репрезентацијата на Грција која на гости го совлада Гибралтар со 3:0. Петта репрезентација од таа група е Ирска.