Connect with us

Фудбал

Мбапе има посебна клаузула во договорот. Поради неа во еден ден земал 10 плати

Француски Л’Екип изминатите денови објави повеќе ексклузивни вести во врска со договорите и платите во францускиот фудбал. Последната од нив се однесува на Килијан Мбапе, фантастичниот 24-годишен напаѓач на ПСЖ и француската репрезентација, кој и оваа сезона води на табелата на стрелците со 19 гола во досегашниот дел од сезоната.

Според нивните информации, францускиот шампион неодамна на Килијан Мбапе му платил сума еднаква на десет од неговите месечни плати. Поточно, станува збор за цифра од 60 милиони евра која напаѓачот ја доби благодарение на посебната клаузула во договорот наречена „клаузула за лојалност“.

Според неа, ПСЖ е должен да му плаќа на Мбапе таа сума секоја сезона кога ќе остане во клубот. Кога на тоа ќе се додаде и неговата годишна плата од 72 милиони евра, се доаѓа до цифра од 132 милиони евра кои ПСЖ ќе му ги исплати на Мбапе само за оваа сезона. Со ова сакаат да го поттикнат да потпише нов договор. Актуелниот истекува во летото 2024 година, а Реал Мадрид веќе неколку сезони се обидува да го доведе.