Connect with us

Фудбал

Милан го понижи Наполи на „Марадона“

Фудбалерите на Милан во дербито на 28. коло на италијанскиот шампионат убедливо го победија тимот на Наполи на гостински терен со резултат 4:0.

Актуелниот шампион му одржа лекција на веројатниот иден шампион кој на десет кола пред крајот на сезоната има 16 бода повеќе од второпласираниот Лацио и 20 од Росонерите.

Наполи го претрпе само третиот пораз во првенството, односно вториот пред своите навивачи. Неодамна загуби од Лацио со 1:0 во Неапол.

Милан поведе во 17. минута со голот на расположениот Рафаел Леа, а Брахим Дијаз осум минути подоцна го удвои водството.

Реакцијата на избраниците на Лукан Спалети беше очекувана во вториот дел, сепак ништо не се промени. Наполи претежно ја имаше топката во посед, а Росонерите беа поопасни и ја погодија противничката мрежа.

Дваесет и тригодишниот Леао во 59. минута одлично поминува по левата страна и со својот десетти сезонски гол му донесе големи 3:0 на својот тим, а Алексис Салемејкерс со гол ја круниса феноменалната вечер на гостите во 67. минута.

Во следното коло Милан го пречекува Емполи, а Наполи гостува кај Лече.