Фудбал
Модриќ: Чест е да се добие ваква награда
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ја освои наградата за најдобар играч на светот за 2018. година во изборот на ФИФА.
Модриќ ја прекина долгогодишната доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси и во својата импресивна кариера ја додаде и најголемата индивидуална награда која може да се добие.
Откако беше прогласен за најдобар, Модриќ пред полната сала во Лондон одржа говор во кој ги спомна своите соиграчи, Далиќ, Роналдо но и Бобан.
„Голема чест и привилегија е да добиете ваква награда. Му честитам на Салах и на Кристијано за одличната сезона и сигурен сум дека ви иднина ќе имаат шанса да се борат за оваа награда. Ова исто така е награда која ја должам на своите соиграчи во репрезентацијата и во Реал Мадрид, на селекторот Далиќ и на тренерите во Реал. Му се заблагодарувам на своето семејство поради кое сум фудбалер и човек таков каков што сум“, изјави Лука, кој потоа го спомна и Звонимир Бобан која ја следеше церемонијата.
„Во овој момент би сакал да му се заблагодарам и на својот идол Звонимир Бобан и генерацијата на хрватски фудбалери кои во 1998. година ја освоиа светската бронза. Ми беа голема инспирација и како екипа не увериа дека и ние можеме да направиме нешто големо во Русија. Се надевам дека ќе им бидеме инспирација на некоја друга генерација која доаѓа“.
Модриќ говорот го одржа на шпански јазик, но на крајот малку зборуваше и на хрватски:
„Би сакал да ја поздравам мојата Хрватска, имавме прекрасно лето, ви благодарам на искрената поддршка и ви испраќам искренини поздрави.