Фудбал
Модриќ го напушти Динамо пред точно 15 години. Останатото е историја
Пред точно 15 години, Динамо се согласи да го продаде Лука Модриќ на Тотенхем во трансфер што ги израмни тогашните рекордни 16,5 милиони фунти за лондонскиот клуб. Модриќ стана првиот летен трансфер таа година, откако претседателот на клубот Даниел Леви сфати дека Манчестер Сити и Њукасл го сакаат и се упати во Загреб за лично да ги заврши преговорите.
Се што се случи подоцна, како што се истакнува на социјалните мрежи и страниците кои го следат Тотенхем, стана историја. Модриќ, кој го нарекуваат најдобар играч од средниот ред на сите времиња, одигра 160 натпревари за клубот, постигна 17 и асистираше на 25 гола, а потоа беше продаден на Реал Мадрид за 30 милиони фунти, односно речиси двојно повеќе од парите што беа наменети за негово доведување.
Модриќ со Реал освои се што беше можно, клупско и индивидуално, а својот врв го достигна во 2018 година, кога беше прогласен за најдобар фудбалер на светот. Таа година ја освои наградата на УЕФА за најдобар играч во сезоната 2017/18, наградата на ФИФА за најдобар, а потоа и Златната топка по освојувањето на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство со Реал и среброто со Хрватска на Светското првенство во Русија.