Фудбал
На Осимен дефинитивно му недостига Сан Сиро
Она што се сомневаше претходните денови сега е потврдено. Наполи ќе биде ослабен во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите во Милано со неиграњето на најдобриот стрелец Виктор Осимен.
Нигериецот не успеа да се опорави од повредата на мускулот добиена за време на репрезентативната пауза. Тој се појави на последниот тренинг пред натпреварот, но брзо го напушти, што беше јасен знак дека нема да може да му помогне на тимот.
Ова не е крајот на проблемите на Спалети. Повреден е и вториот напаѓач Џовани Симеоне, додека под знак прашалник е третата опција Распадори. Сепак, доброто е што го одработи тренингот.
Па Лучијано Спалети е во дилема, дали да започне со Распадори, или да започне од првата минута со Ељиф Елмас како лажна деветка. За в среда е закажан четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Милан и Наполи.