Connect with us

Други спортови

Надал нема да игра на Ролан Гарос

Шпанските медиуми пренесуваат дека Рафаел Надал нема да се бори за својата 15. титула на Ролан Гарос. Трофејниот тенисер има големи проблеми со повредите и нема да игра на вториот Грен слем во сезоната кој започнува на 22 мај, објавија шпанските медиуми.

Таа информација ексклузивно ја пренесе доверливиот новинар Нацо Енкабо. Во Мајорка утре е предвидена да се одржи прес-конференција.

Откако ја освои својата прва титула во Париз во 2005 година, Надал никогаш не се повлече од Ролан Гарос пред турнирот, иако во 2016 година тоа го направи пред натпреварот од третото коло.

Надал 14 пати го освојуваше Ролан Гарос, а сега нема играно од јануари и второто коло на Австралија опен. Потоа го повреди колкот во дуелот со Мекензи Мекдоналд, првобитната прогноза беше пауза меѓу четири и шест недели, но имаше компликации кои му го нанесоа овој голем удар.