Фудбал
Нагелсман го презема ПСЖ?
Кристоф Галтие нема да го води ПСЖ следната сезона, објави францускиот новинар Абдела Булма. Сопствениците на ПСЖ не можат да му го простат на Галтие испаѓањето од Лигата на шампионите во осминафиналето од Баерн.
Булма наведува дека клубот размислува да го отпушти Галтие сега, а не на крајот на сезоната. Во тој случај ПСЖ би нашол привремен тренер до крајот на сезоната, а потоа во јуни би довел големо име.
Истиот извор тврди дека челниците на ПСЖ го контактирале Јулијан Нагелсман, германскиот тренер кој неодамна доби отказ од Баерн. Се одржаа првите разговори за неговото пристигнување во Париз. Како потенцијален тренер на ПСЖ се споменува и Зинедин Зидан, кој е невработен две години откако го напушти Реал Мадрид.
Галтие го презеде ПСЖ минатата година и го водеше клубот на 41 натпревар. Оствари 28 победи со осум порази и пет нерешени. ПСЖ има шест бода пред Ленс и Марсеј на врвот во францускиот шампионат.