Connect with us

Фудбал

Нагелсман, Зидан, Енрике, Силва кандидати за клупата на Челзи

Како што дознава англиското радио „Talksport“, Челзи работи многу интензивно на доведување на нов менаџер. Првиот менаџер што го донесе Тод Бејли беше прилично неуспех, па новиот сопственик на клубот не сака да ја повтори истата грешка. Затоа клубот ќе интервјуира неколку менаџери.

Според изворите на Talksport, Челзи има план да интервјуира најмалку седум кандидати за менаџерската позиција. На списокот не се само Јулијан Нагелсман, со кого наводно веќе има разговори, туку и Маурицио Покетино, Луис Енрике, Марко Силва…

Покетино е заинтересиран за Челзи и со задоволство би разговарал со раководството за преземање на тимот, но се уште нема официјален контакт. Луис Енрике моментално е слободен, додека одличните резултати на Марко Силва во Фулам се исто така добра референца за тој менаџер да биде повикан на Стемфорд Бриџ.

Самиот сопственик Тод Бејли им се восхитува на Зинедин Зидан и Масимилијано Алегри, па треба да очекуваме и Челзи да стапи во контакт со нив. Зидан секако веќе некое време е без клуб, додека Алегри е во Јувентус, кој има многу тешка сезона и тој тренер веќе беше мета на критики во Торино.

Она што го дознава „Talksport“ е дека, покрај Бејли, поважна улога во изборот на менаџер може да имаат и спортските директори Лоренс Стјуарт и Пол Винстанли.