Connect with us

Фудбал

Најбогатиот клуб во светот го декласираше Манчестер Јунајтед и го престигна на табелата

Њукасл го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 во 29. коло од Премиер лигата. Тоа беше сосема „еднонасочен“ натпревар во кој домашните можеа да поведат со два гола разлика по првите 45 минути доколку во завршницата беа малку попрецизни. Отпорот на гостите го скршија во 65. минута, кога Џо Вилок во гол ја претвори асистенцијата на Алан Сен Максимин. Победата ја потврди Калум Вилсон на асистенција на Киеран Трипие во 89. минута.

Њукасл со оваа победа направи огромен чекор кон пласман во Лигата на шампионите, натпреварување во кое немаше учествувано 20 години. Моментално е трет со ист број бодови како и денешните противници, со подобра гол-разлика и меѓусебен сооднос. Најопасен ривал им е лондонски Тотенхем, зад кој заостанува само еден бод.