Фудбал
Најскапото промашување во историјата на Ливерпул – бесплатно го напушта клубот
Наби Кеита (28) за два месеци бесплатно си заминува од Ливерпул, како слободен играч, пет години откако клубот го доведе играчот за врска од Лајпциг со обештетување од 60 милиони евра. Ова го соопшти Фабрицио Романо, најсигурниот извор од пазарот на фудбалери и со тоа го потврди она за што се пишуваше подолго време, дека Ливерпул нема да му даде нов договор. Романо додава дека Кеита разгледува многу опции за продолжување на кариерата.
Кога летото дојде на Енфилд за споменатата сума, Кеита стана третиот најскап играч во историјата на Ливерпул и оттогаш е само едно место подолу на таа табела од Дарвин Нуњез. Но, во секој случај, тој е грубо преплатен. Поради бројните повреди, предолгото опоравување и лошата форма, Кеита од кого се очекуваше многу, за пет години одигра само 129 натпревари за Ливерпул. Сезонава само во пет беше во стартниот состав. Откако дојде во Ливерпул, повредите го оддалечија од тимот на дури 84 натпревари.