Connect with us

Фудбал

Навас: Рамос се уште е обожавател на Севиља

Реал Мадрид минатата ноќ на гостовање кај Севиља беше поразен 3:0 во 6.коло на Ла Лига.

За Кралскиот тим ова беше прв пораз сезонава, натпреварот против Севиља за капитенот Серхио Рамос имаше посебно значење, бидејќи тоа е клубот каде што ја започна својата кариера.

Да, Рамос врска со Севиља никогаш не ја изгубил, по натпреварот на новинарите тоа им го откри крилниот играч на Севиља Хесус Навас.

“Тој се уште е фан на Севиља, тоа е така уште од детството бил пораснат во едно село во близина на стадионот и ги разбира сите случувања во и околу клубот, се уште е наш фан”, му рече Навас на новинарот на Марка, но додаде:

“Проѓивеавме многу убави моменти. Ние сме многу блиски уште од детството, редовно се слушаме и зборуваме за многу работи. Се разбира, секогаш е посебно да се игра против него, но кога играме дома, не е важно кој е нашиот противник, сакаме на сите да им ја отежниме работата и да го победиме.”