Connect with us

Фудбал

Не е толку колегијален: Постои причина поради која Меси му ги препуште пеналите на соиграчите

Лионел Меси доминира во сите сегменти, постигнати голови, асистенции, дриблинзи, но во еден сегмент не е добар.

Иако во Барселона одлучиа дека Меси треба да би тој кој ќе шутира од белата точка, безброј пати аргентинскиот фудбалер ја препушти нај строгата казна на соиграчите. Тоа го направи и во саботата на Сан Себастијан кај Реал Сосиедад, а не треба да не изненади ако тоа го повтори и следниот пат доколку му се укаже шанса.

Причината за тоа не е колегијалноста, како што се мисли, туку стравот на Маси од промашување.

Тоа го откри и во разговор за „Радио Каталонија“.

„Сакам и морам да бидам ефикасен од белата точка. Тие работи не можете да ги тренирате, затоа што во натпреварот се е поинаку. И не е баш како што изгледа“, кажа Меси.

Досега Меси во својата кариера има промашено 24 пенали.