Connect with us

Фудбал

Нејмар и претседателот на Барселона ги смириа страстите

Бразилскиот фудбалер Нејмар неодамна престојуваше во Барселона кад ги посети своите некогашни соиграчи, а потоа веднаш започнаа шпекулациите дека Бразилецот би можел да се врати во Каталонскиот клуб.

Нејмар во Барселона помина четири години и со овој клуб освои се што можеше да се освои, но минатото лето донесе изненадувачка одлука да ја напушти Барса и премина во редовите на ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра. Бразилацот не остана во добри односи со челниците на клубот од кои бараше 26 милиони евра за лојалност која не ја покажа, а наводно дури и подготвил тужба против клубот.

Маѓутоа, сето ова брзо се смири по неговото заминување во ПСЖ, но јасно е дека на Нејмар му недостига поранешната екипа. Бразилецот често оди во просториите на каталонскиот клуб каде се дружи со Меси и останатите играчи, а во минатата посета разговарал и со претседателот на Барса Жозеп Марио Бартомеу

Како што пишуваат шпанските медиуми Нејмар покажа желба еден ден да се врати во каталонскиот клуб, па по се изгледа дека ги смириа односите со претседателот на Клубот. Во Барселона сигурно немаат ништо против да се врати Нејмар, но после сите засилувања кои се донесени, тешко е да се очекува дека тоа ќе се случи за кратко време.