Connect with us

Фудбал

Нејмар: Поразот од Хрватска е најлошиот момент во мојот живот. Сè личеше на погреб

Поразот од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар толку многу го повреди Нејмар што плачеше пет дена и размислуваше никогаш повеќе да не заигра за репрезентацијата на Бразил. Бразилската ѕвезда ова го откри во едно интервју, потсетувајќи се на болните денови од декември минатата година.

“Искрено, по Светското првенство, не сакав да се вратам. Сериозен сум. Се вратив затоа што сум амбициозен. Повторно размислував за се. По Светското првенство не сакав повторно да минувам низ таа болка и страдање”, изјави Нејмар и додаде дека е неутешен по поразот од Хрватска.

„Плачев непрекинато пет дена. Боли. Боли кога губиш сон. Би сакал да не постигнам гол, ако завршеше 0:0 и ако губевме на пенали, отколку начинот на кој завршивме со мојот гол, нерешениот резултат и поразот во пенал рулетот.

“Тоа беше најлошиот момент во мојот живот, сè изгледаше како погреб. Некои плачат на едната страна, други на другата страна. Страшно, тоа беше чувство кое никогаш повеќе не сакам да го доживеам”, додал тој.

Да потсетиме, по 90 минути од четвртфиналниот натпревар на Мундијалот помеѓу Бразил и Хрватска беше 0:0. Нејмар постигна гол во 105+1. минути за водство на Бразил, а Бруно Петковиќ во 117. израмни на 1:1. Сигурни играчи за Хрватска од белата точка беа Никола Влашиќ, Ловро Мајер, Лука Модриќ и Мислав Оршиќ.

Ударот на Родриго од првата серија го одбрани Доминик Ливаковиќ, а откако беа прецизни Касемиро и Педро, Маркињос ја погоди стативата и ја испрати Хрватска во пнатаму, а Бразил дома.