Фудбал
Нејмар успешно опериран во Доха, четири месеци пауза
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар беше успешно опериран во Катар, соопшти францускиот клуб.
„Нејмар беше опериран во болница во Доха. Операцијата помина многу добро“, соопшти ПСЖ и изјави дека Нејмар сега ќе го следи протоколот за рехабилитација.
🚨| Neymar was operated on his ankle today at ASPETAR Hospital in Doha & it went very well. The Brazilian will now respect a protocol of rest and care, says PSG! 🇧🇷✅ pic.twitter.com/g6txDyhSqk
— PSG Report (@PSG_Report) March 10, 2023
31-годишниот бразилски фудбалер го повреди десниот скочен зглоб на првенствениот натпревар против Лил на 19 февруари. Тој би можел да отсуствува од терените до четири месеци.
Неговите повреди зачестија откако во 2017 година се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, а поради нив, но и суспензии, пропушти повеќе од сто натпревари.