Connect with us

Фудбал

Некогаш беше најдобриот играч на Барселона. Сега се враќа во нова улога?

Барселона е во потрага по нов спортски директор. Матеу Алемани ќе ја напушти таа функција на крајот на јуни, а Фабрицио Романо пишува дека главен кандидат за негов наследник е Португалецот Деко, поранешен трофеен фудбалер на каталонскиот клуб. Се уште ништо не е договорено, но Деко е во добри односи со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, поради што се верува дека би можел да ја добие работата.

Деко во последните месеци работи со Барселона како консултант за португалскиот и бразилскиот пазар. Тој има своја агенција и го застапува играчот на Барселона Рафин, а исто така имаше голема улога во доведувањето на Пјер-Емерик Обамејанг во минатогодишниот зимски преоден рок.

Беше играч на Барселона од 2004 до 2008 година и остави длабока трага во тој период. На 161 настап постигна 20 гола и освои две титули во шпанското првенство и една Лига на шампиони. Во сезоната 2005/2006. во изборот на УЕФА беше прогласен за најдобар играч на Барселона и најдобар играч за врска во Европа.