Connect with us

Фудбал

Некој ќе мора да попушти – Фирмињо е прескап за Барса

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо на крајот од сезоната ќе го напушти клубот од Енфилд како слободен играч, а иако шпанските медиуми тврдеа дека постигнал договор со Барселона, се уште нема ништо од трансферот.

Проблемот лежи во финансиските барања на 31-годишниот фудбалер, кои ги надминуваат можностите на клубот од стадионот „Камп Ноу“, според новинарот Жерар Морено.

Раководството на Барселона сака да разгледа неколку буџетски опции пред да донесе одлука.

Во 2015 година Фирмино дојде во Ливерпул од Хофенхајм и со англискиот клуб, меѓу другото, беше европски шампион и победник на Премиер лигата.

Искусниот фудбалер сезонава одигра 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна 11 гола со пет асистенции.