Фудбал
Ова е грабеж-Во таборот на Црвена Звезда бесни по поразот од Милан! (ВИДЕО)
Фудбалерите на Црвена Звезда загубија од Милан на Сан Сиро со резултат 2:1 во 6. коло од Лигата на шампионите, а по натпреварот збеснаа на судењето на шпанскиот судија Хесус Гил Манцано.
Шпанецот не досуди прекршок пред корнерот по кој падна голот во 89. минута, но и потоа, непосредно пред Теми Абрахам да го постигне вториот гол. Очигледно е дека Абрахам направи прекршок во дуел со играч на Звезда, а потоа Габија го турна Спајиќ на гол-линијата, но залуден беше и прегледот на ВАР. Тренерот на тимот од Белград Владан Милојевиќ „грмеше“ по натпреварот.
Da li je #fkcz oštećena protiv Milana? pic.twitter.com/GSQ8bdJFiB
— Jaime (@abubekir_oumaru) December 11, 2024
„Тој пенал во Монако, скандал и срам… Ова денеска, нема сакам да зборувам, ама вооружен грабеж… Дојдовме овде да играме во Лигата на шампионите. Ќе ви кажам што мислам. Ова е голем клуб, српскиот народ е голем, нека ја направат таа затворена лига и нека слават. Ако ова е ЛШ, ако вака треба да победи еден Милан, не знам што да кажам. Не ни почнавме да играме ЛШ, а нашите навивачи не можеа да патуваат. Не е мое да кажувам, ама морав, ете, изјави Милојевиќ за РТС по натпреварот.