Connect with us

Фудбал

Палермо исфрлен во Серија Д, слободни Несторовски и Трајковски!

Сега и дефинитивно, Палермо е во Серија Д, четврти ранг во италијанскиот фудбал. Сицилијанците се казнети поради административни проблеми.

Ако до вчера имаа амбиции да се вратат во елитата, односно Серија А, сега играчите на Палермо сигурно добро ќе размислат каде ќе ја продолжат својата кариера.

Меѓу нив се и двајцата македонски репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски кои со своите голови ја водеа екипата кон остварување на целта.

Уште во зимскиот период Палермо беше пред испаѓање, но локалниот бизнисмен Дарио Мири обезбеди скоро три милиони евра, барем привремено да го задржи во Серија Б. Тоа траеше се до пролетта, а потоа призна дека нема намера да го откупи контролниот пакет на акции.

Што ќе се случува со клубот, останува да се види, италијанските медиуми шпекулираат дека се очекува финансиска поддршка од Масимо Ферара, шефот на Сампдорија.

Претходно беше објавено дека Несторовски веќе има „договор“ со Удинезе и на тој начин се врати во најквалитетното италијанско првенство.

За Трајковски се поврзуваа дури два гиганти, Милан и Спортинг Лисабон, а можно е и да остане во Серија Б од каде што имаше една понуда, поточно интересот доаѓа од Салернитана.