Connect with us

Фудбал

Паника во Барса, повторно Усман Дембеле!

Французинот требаше да се врати на почетокот на март …

Усман Дембеле се уште е повреден и денеска никој не може да каже кога ќе се врати на терените.

Дембеле се повреди од крајот на јануари кога заработи повреда на мускулот. Тогаш се шпекулираше дека можеби ќе биде подготвен за првиот меч со Реал во Купот на кралот, на почетокот на март.

После тоа, неговото враќање беше пролонгирано до 19 март и новото „Ел Класико“, за на крајот да се потпише на „неодредено време“.

Денешните информации велат дека во Барселона се крајно загрижени за ситуацијата со Дембеле, дека повредата наеднаш му се „комплицира“ и дека не се знае кога ќе се врати на терените.

Нештата да бидат уште полоши, беа направени погрешни проценки и за враќањето на Педри и Френки де Јонг, кои исто така се повредени подолго од најавеното.

Треба да бидат подготвени за дербито со Атлетико Мадрид на 23 април, но тоа е се уште отворено прашање.

Засега најголем проблем е Дембеле, кој е во постојани проблеми со повреди од неговото доаѓање во Барселона…