Connect with us

Фудбал

Перез: Роналдо еден ден ќе се врати во Реал

Претседателот на Реал Мадрир изјави дека Кристијано Роналдо ќе се врати во Реал Мадрид по завршувањето на кариерата.

Во изминатиов преоден рок Роналдо после девет сезони во Реал Мдрид одлучи да се пресели во Јувентус. Иако трансферот предизвика разочарување помеѓу навивачите на Реал, Перез призна дека португалскиот фудбалер му е во срцето и дека нема дилеми дали ќе се врати на Сантијаго Бернабеу.

„Роналдо е наследник на Ди Стефан, ќе се врати еден ден во Реал Мадрид. Во тоа сум сигурен“, кажа Перез.

Додека беше во клубот од Мадрид, Роналдо постана најдобар стрелец во историјата на Реал со 451 постигнат гол. Помеѓу бројните трофеи кои ги освоил, вреди да се истакне дека четири пати ја освоил титулата во Лигата на шампионите.