Фудбал
ПМФЛ: Четири од четири за гостинските екипи
Гостинските екипи остварија максимален ефект во денешните четири натпревари со кои се комплетираше 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Лидерот Струга го продолжи походот кон својата дебитантска титула со триумф над штипска Брегалница, додека со три бодови од гостувањето во Кратово против Силекс се враќа и актуелниот првак Шкупи.
ПМФЛ 30. коло резултати:
Брегалница – Струга 0:3
Победа – Скопје 0:4
Силекс – Шкупи 0:2
Тиквеш – Работнички 1:3
Шкендија – Македонија ЃП 3:1 (одиграно в сабота)
Слободна во ова коло беше Академија Пандев.
Табела: Струга 59, Шкендија 54, Шкупи 52, Силекс 44, Брегалница 37, Македонија ЃП 36, Работнички 34, Тиквеш 31, Академија Пандев 26, Скопје 22, Победа 13.