Connect with us

Фудбал

Покетино полуде и тргна кон судијата, двајца истрчаа да го запрат додека беснееше

Во саботата, Челзи го пречека Манчестер Сити во последниот натпревар од 12. коло на англиската Премиер лига и ги подели бодовите со нив по ремито 4:4 во значаен натпревар одигран на силен дожд. Иако неговиот тим три пати се враќаше од негатива и од пенал во 95. минута зеде бод, тренерот на Челзи, Маурисио Покетино беше бесен по натпреварот.

По натпреварот тој беше снимен како луто чекори, вика и гестикулира во насока на судијата на мечот Ентони Тејлор, без да направи ништо повеќе и да заработи казна, беше спречен од двајца членови на неговиот тренерски тим. Двајцата трчаа по него и го запреа пред да стигне до судијата.

 

Аргентинскиот стручњак веруваше дека Тејлор прерано го прекинал натпреварот и на тој начин му ускратил шанса на Челзи за победа. Додека Пеп Гвардиола чекаше да му подаде рака по натпреварот, тој се упати кон средината на теренот, за што подоцна се извини.

„Се извинувам на Тејлор, неговите помошници и четвртиот судија. Во тие моменти мислев дека Рахим Стерлинг има шанса за петти гол. Заслужив опомена бидејќи ја минав линијата што не треба да се мине. Тоа не беше добра слика за мене, или за фудбалот. Тој не се однесува така. Му се извинувам и на Гвардиола, едноставно не го видов во тие моменти“, рече тој за на она што се случи по натпреварот.