Други спортови
Пол позиција за Хамилто во Сингапур
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ја освои пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Сингапур.
Во возбудливите квалификации кои повторно донесоа голема борба, Хамилтон направи одлична работа и беше најбрз во квалификациите со време од 1:36.015, иако направи грешка во последното излегување на стазата.
Кими Раиконен имаше шанса да го симне Хамилтон од првото место. Во два сектори имаше побрзо време од Хамилтон, но на крајот низ целта помина како петти.
После Хамилтон ќе стартува Макс Верстапен, додека најголемиот ривал на Хамилтон ќе стартува од третата позиција.
Вториот ред го дополнува другиот Мерцедес, односно Валтери Ботас, додека Кими Раиконен е петти.
QUALIFYING CLASSIFICATION: @LewisHamilton blows the opposition away #SingaporeGP ?? #F1 pic.twitter.com/EwxMLph2H7
— Formula 1 (@F1) September 15, 2018