Фудбал
Поранешниот холандски репрезентативец осуден на две години затвор
Холанѓанскиот фудбалер Квинси Промес (31) е осуден на две години затвор за напад со нож врз својот братучед што го извршил во 2020 година. Промес беше осуден во отсуство пред холандскиот суд, бидејќи моментално живее во Русија, каде настапува за Спартак Москва.
Тој при расправија го нападнал братучедот и го прободел во коленото. Промес првично беше обвинет за обид за убиство, но обвинението подоцна беше сменето во тежок напад. Промес претходно се изјасни за невин. Во изрекувањето на пресудата беа користени гласовни пораки во кои Промес рече дека му е жал што нема огнено оружје со себе.
Да потсетиме, тој неодамна беше обвинет за учество во шверц на кокаин во Холандија. Промес од 2021 година е член на Спартак Москва, чиј дрес го носеше од 2014 до 2018 година, а играше и за Твенте, Севиља и Ајакс. За холандската репрезентација забележа 50 настапи и постигна седум гола.