Фудбал
Потврдено: Натпреварот од Ла Лига на 27. јануари Барса ќе го игра во Америка
И покрај силните протести, некои натпревари од Ла Лига ќе се играат во Соединетите Американски Држави.
Фудбалерите реагираа на одлуката на Ла Лига и кажаа дека е лошо поради навивачите што некои натпревари ќе се одиграат надвор од Шпанија, а сега стигна и одговорот – навивачите ќе добиат бесплатен лет до Мајами и назад за натпреварот.
Каталонски „Sport“ објави дека „каталонското“ дерби помеѓу Џирона и Барселона ќе биде одиграно на 27. јануари во рамките на 21. коло од Ла Лига, но на американски терен.
За навивачите на „домашниот тим“, односно Џирона, „Хард Рок“ би можел да биде убава шанса за туристичко заминување во Мајами. Тие ќе имаат платен лет до Мајами и ноќевање во хотел после натпреварот, а заинтересираните ќе мораат да дадат по 600 евра кој подоцна ќе им бидат вратени.
Водството на Ла Лига се одлучи да ја популаризира Ла Лига и надвор од својата држава, па во таа насока потпишаа договор со медиумската групација „Relevent“.